Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПремиерот на Киригистан си поднесе оставка

Премиерот на Киригистан си поднесе оставка

Getty Images

Премиерот на Киргистан Темир Сариев си поднесе оставка поради шпекулациите кои се појавија за корупција и местење на тендер во изградба на патишта. Сариев си поднесе оставка после помалку од една година помината на оваа функција, наведувајќи дека ја донел оваа одлука за да ја сочува стабилноста во земјата. Претседателот на Киргистан Алмазбек Атамбаев бргу ја прифати неговата оставка.

Критичарите, помеѓу кои и министерот за сообраќај Агрибенк Малабаев, тврдат дека Сариев профитирал повеќе од 10 милиони долари од проектот кој го спроведувала кинеската градежна компанија „Лонг Хаи“. Малабаев изјави дека неговиот помошник заедно со киргистанскиот премиер ги штителе интересите на кинеската компанија, местејќи тендери за изградба на патишта. Сариев ги отфрли овие обвиненија, а се уште не е познато кој ќе ја превземе неговата функција.