Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПремиерот и заменикот не сведочеа пред Анкeтната за прислушкување

Премиерот и заменикот не сведочеа пред Анкeтната за прислушкување

Премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставревски не присуствуваа на првата седница на собраниската анкетна комисија за нелегалното прислушкување на телефонските разговори. Од владејачката партија соопштија дека Груевски не можел да сведочи поради службено патување во странство, а дека ќе биде слободен на 14-ти декември.
груевски gruevski
Ваквото одложување ги налути опозициските пратеници кои го оценија како избегнување од соочување со обвинувањата за корупција и прекршување на законите со следењето на комуникациите, а дека партиското соопштение за премиер не доликува, туку требало претходно неговиот кабинет да достави известување дека е во официјална посета во странство.

Претседателот на собраниска комисија Петре Шилегов за утре закажа нова седница на која како сведоци треба да присуствуваат Зоран Ставревски и шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Протуѓер. Останатите сведоци меѓу кои Протуѓер, Јанкуловска, Мијалков и Јанакиевски во ниедна форма досега не се изјасниле дали прифаќаат да сведочат пред комисијата.