Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПремиерот Груевски доби тужба од советниците во Општина Центар

Премиерот Груевски доби тужба од советниците во Општина Центар

На денешната прес конференција во о.Центар од име на советничката група на СДСМ беше најавено дека:

„Советниците на СДСМ во Советот на Општина Центар поднесуваат тужба до Управниот суд на РМ, поради мешањето на Никола Груевски во ингеренциите на Општината“, најави денеска Билјана Чурилова, советник на СДСМ во Советот на Општина Центар.

Според советничката, одлуката на Владата за утврдување на градби од посебен интерес за изработка на урбанистичко-планска документација е спротивна на Уставот и ги попречува надлежностите на Општина Центар. При тоа, посочуваат од СДСМ, премиерот ги узурпира ингеренциите на Општината.

„Советниците на СДСМ ги бранат интересите на граѓаните на Центар, а Општината мора да биде самостојна во вршењето на надлежностите, во согласност со Уставот и Законот за локална самоуправа. Со Законот за локалната самоуправа е недвосмислено пропишано дека надлежностите на општините се целосни и не смеат да бидат одземени или ограничени“, посочи денеска Чурилова.