HomeРЕФЛЕКТОРТеатарПремиера на младинската претстава „Поздрави некого“ во КИЦ

Премиера на младинската претстава „Поздрави некого“ во КИЦ

pozdravi-nekogo

На 02.12.2016 во 19 часот во салон 19’19 во КИЦ, Младинската сцена на Театар „Чекори“ ќе има премиера на претставата „Поздрави некого“. Станува збор за социјално ангажирана претстава, која зборува за судбините на малолетниците од маргините. За отфрлените, заборавените, децата без детство, децата криминалци, децата од „чудни“ семејства, со уште почудни херои и идеи.

pozdravi-nekogo-2

Во претставата играат сите членови на младинската сцена, односно: Стефан Хаџи Евтимов, Моника Ландова,Александар Ивановски,Јована Јовева, Виктор Китановски, Ангела Ампова, Кристијан Костадиновски, Сара Мирческа. Режисер на претставата е Петко Костовски.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com