Friday, Mar 29, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРПремиера на документарец за животот и големото дело на Вања Лазарова

Премиера на документарец за животот и големото дело на Вања Лазарова

„Вања“/со маки сум се родила/. Е насловот на документарниот филм посветен на животот и големото дело на  певицата Вања Лазарова. Истиот,  премиерно ќе биде прикажан вечерва во Кинотека на Македонија

Легендарната Вања Лазарова која остава вистински печат со својата музичка дејност. Испеа многу македонски изворни народни песни. Има работено во Операта при МНТ, била член на Државниот ансамбл на народни игри и песни „Танец“ и настапила на голем број концерти низ светот. Пеела во Алберт Хол во Лондон пред британската кралица Елизабета Втора и премиерот Винстон Черчил. Соработката со групата ,,Анастасија” за  музиката за филмот ,,Пред дождот”  и донесе ,,Златен лав” во Венеција во 1994 година.

Документарниот филм кој ќе биде прикажан  вечерва е во реализација на продуцентската куќа „Медиа броадкастинг“ и Агенцијата за филм на Македонија.