Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрекумерното трошење за „Скопје 2014“ го пренесуваат и регионалните медиуми

Прекумерното трошење за „Скопје 2014“ го пренесуваат и регионалните медиуми

Истражувањето на БИРН во кое беше наведена анализа за нетранспарентното и прекумерното трошење на владата за проектот Скопје 2014 го пренесе и регионалната телевизија N1, која е балкански партнер на CNN. Цената на новиот изглед на Скопје, според истражувањето, претставено преку базата на податоци и официјална документација, од првично најавените 80 милиони евра, скокнало на над 560 милиони евра, a од првично најавените четириесетина споменици и објекти се стигнало до над 130.

Македонските експерти ги нагласуваат и моментите на промена на договорите во текот на градењето, постапка која повеќепати ја надминувала планираната цена. Исто така, потенцираа и дека е тешко да се откријат малверзациите бидејќи власта контролира голем број медиуми кои не ги пренесуваат конкретните информации.