Friday, Apr 28, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаПреку електронско јавно наддавање ќе се решава судбината на битолскиот офицерски дом!

Преку електронско јавно наддавање ќе се решава судбината на битолскиот офицерски дом!

oficirski bitola

Најрепрезентативниот  објект на битолски Широк Сокак, офицерскиот дом преку електронско јавно наддавање ќе се продава. Во огласот предмет на продажба е обектот со површина од 1.970м² , а истиот ќе се продава во една целина а вкупната проценета вредност на предметот на наддавање изнесува 55.608.730,50 денари.  Овој архитектонски бисер,  стар повеќе од еден век,  преживеал  време и невреме,  но не можеше да ја преживее негрижата на надлежните.  Сега „чаре“ за овој објект ќе се бара на јавната аукција.

За стариот објект наддавањето ќе се одржи на ден 19.02.2016 година во 12,00 часот, а ќе може да лицитираат сите домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на недвижни ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон.

Од општина Битола велат декa доколку се најде начин за целосна реконструкција на Офицерскиот дом во Битола условот е едниот односно долниот кат целосно да се отстапи за потребите на општината. Без разлика кој ќе биде сопственик, општина Битола бара овој услов максимално да се исполни.

Со реакција на објавата за продажба се огласија и од СДСМ Битола:

„ Власта на ВМРО-ДПМНЕ на 19 февруари по пат на јавно наддавање со стартна цена од 900.000 евра ќе го продаде најатрактивниот културно-историски обејкт на балканот, но и пошироко, Офицерскиот дом, обејкт со околу 2000 метри квадратни корисна површина. Да потсетиме, градоначалникот Владимир Талески им вети на битолчани дека Офицерскиот дом нема да се продава, туку ќе се даде на концесионер на повеќегодишно користење“ вели Васко Ковачевски претседател на ОО на СДСМ и пратеник во Собранието на Македонија.

Офицерскиот дом во Битола пред 5 години од Министерството за култура премина во надлежност на општината, од каде ветуваа негова реконструкција, но зградата продолжи да пропаѓа. Сега од општината велат дека е вратен на Владата.

Истиот започнал да се гради во 1911 година кога со битолскиот вилает управувал Абдул Керим Паша. Изграден бил како палата за свечени приеми, забава и одмор.

Објектот за повеќе намени се користеше и во поново време, а тој бил атрактивен и за многумина домашни и странски филмаџии.


Н.С