Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПреку ден сонце, попладне облаци

Преку ден сонце, попладне облаци

Во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло. Попладне ќе дојде до зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе донесе услови за локални врнежи од дожд и грмотевици, а на некои места постојат услови за појава на невреме. Утринските температури ќе се движат од 12°C до 22°C, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 27°C односно до 38°C со висок УВ индекс 8.

Во Скопје претпладне ќе биде претежно сончево и топло. Попладне може да дојде зголемување на облачноста со услови за слаби локални врнежи од дожд во доцните попладневни и во вечерните часови. Ќе дува слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19°C а максималната дневна ќе достигне до 35°C со УВ индекс 8.