Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПреку 11 мерки Коѕиас и Попоски ќе ја градат довербата меѓу Македонија и Грција

Преку 11 мерки Коѕиас и Попоски ќе ја градат довербата меѓу Македонија и Грција

Посетата на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, резултираше со 11 мерки за доверба. Двајцата шефови на дипломатиите соопштија дека договориле конкретни мерки за доверба. Мерките, рече Попоски, се од областа на образованието и културата, енергетиката, економијата и трговијата и правната соработка.

Тие вклучуваат соработка меѓу универзитетите, организирање на бизнис форуми, подобрување на енергетската и железничката поврзаност, како и размена на информации за нелегална миграција и организиран криминал. Овој договор е отворен и дека во иднина ќе се проширува.

„Правиме нов чекор, а најслаба алка во соработката е довербата, додека најсилна бизнисот и економската соработка“, изјави Попоски по средбата.

Денешната билатерална средба, беше прва по подолг период, но двајцата министри договориле во иднина да има редовен политички дијалог на министерско ниво.