HomeДЕНЕШНАРепубликаПрекршочни за Сител и ТВ Нова, Чилиманов и Димишкова се противат

Прекршочни за Сител и ТВ Нова, Чилиманов и Димишкова се противат

Ад-хок телото одлучи медиумите „Сител“ и „ТВ Нова“ да добијат прекршочни пријави поради небалансирано известување.

Со тројца членови „за“ и двајца „против“, медиумскиот мониторинг на Агенцијата за медиуми ќе и предложи да поведе прекршочни против телевизиите. Според членовите предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Цветин Чилиманов и Слаѓана Димишкова одлуките се неосновани. Димишкова се пожали дека работат со методологија спротивна на изборниот законик и дека е наметната од политичките партии. Додека постапуваме, вели таа „не ме интересира ставот на агенцијата и на медиумите за кои постапуваме“.

„Како ад-хок тело не поставивме наши критериуми. Затоа ние двајцата се повикуваме на веќе воспоставената француска методологија дека во првите три извештаи дозволени се 10 грешки за медиумите“, изјави Слаѓана Димишкова, член на ад-хок тело.

„Во извештајот на телевизија „Сител“ подетално се опишуваат постапките, изјавите, ставовите, гримасите на еден уредник од таа телевизија. Извештајот наликува како да е направен за еден човек“, изјави Цветин Чилиманов, член ад-хок телото.

Сите медиуми се исти пред мониторингот, тврди членот на ад-хок телото предложен од СДСМ, Љубомир Костовски.

„Постапивме согласно предлогот од Агенцијата од нивниот мониторинг тим, ги прифативме забелешките што имаа по два основа и по тие два основа ќе се поднесе прекршочна пријава. Гледаме дека кај некои телевизии нема поправање на состојбата, туку таа се влошува. Генерално, не е коректно да разговараме за Сител, кога за најголем дел од вас (медиумите) не сме одлучувале“, изјави Љубомир Костовски, член на ад-хок телото.

Во меѓувреме, привремениот медиумски мониторинг го разгледува десетдневниот извештај. Ад-хок телото беше еден од условите на опозицијата за распишување на изборите, поради статусот со слободата во земјава.

Izvor: 24vesti.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com