HomeДЕНЕШНАПолитикаПрекршочна против авторот на графитот „Че си лежите“

Прекршочна против авторот на графитот „Че си лежите“

Прекршочна пријава против Жаре Стеваноски поднесе прилепската полиција бидејќи за време на протестите на улицата пред Општинската зграда напишал парола „Че си лежите“, за која ќе му се суди по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Стеваноски вели дека нема основ за овие пријави бидејќи за време на протестот полицијата го обезбедувала местото и не циркулирале возила а сообраќајот бил блокиран. Граѓанскиот активист вели дека станува збор за притисок со цел да се оневозможи на граѓаните јавно да го искажат своето право на глас. Но вели очекува Судот во Прилеп да донесе правилна одлука.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com