Tuesday, Mar 19, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПрекрасната Криси Тејген во одбрана на чипсот

Прекрасната Криси Тејген во одбрана на чипсот

Манекенката и водителка Криси Тејген е една од најубавите жени која често ги краси насловните страни на најчитаните магазини, но сега се впушта во нова област, а тоа готвењето со лансирање на нејзина книга за начинот на исхрана. Тејген вели дека не го сака зборот диета кој може да донесе погрешна перцепција кај луѓето кои сакаат да слабеат, туку преферира лесна или чиста исхрана.

teigen-chicken-butt

Токму и затоа помфритот како омилена брза храна може да биде здрав ако компирот се испече со маслиново масло без непотребните маснотии. Можеби токму ваквата философија за исхраната придонесува Тејген да изгледа фантастично и самоуверено. Нејзината Cravings веќе станува хит, а следбениците на Twitter ја обожаваат.