Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПрекрасна, но смртоносна риба нова закана за туристите на Медитеранот

Прекрасна, но смртоносна риба нова закана за туристите на Медитеранот

Опасниот вид на devil firefish или популарно наречена риба-лав е нова закана за туристите на Средоземното море бидејќи е смртоносна и може да ги убоде пливачите. Постои голема загриженост бидејќи е забележана во водите во Турција и Кипар во источниот Медитеран. Оваа инвазивна, граблива риба доаѓа од Јужниот Пацифик и Индискиот океан.

Марија дел Мар Отеро од Меѓународното здружение за зачувување на природата , вели дека појавата на оваа риба во Медитеранот е причина за загриженост.

– Убодите од нејзините боцки се смртоносни за луѓето, но и неверојатно болни, и може да предизвикаат повраќање и тешки проблеми со дишењето.

mediteran

Експертите за зачувување на животната средина се загрижени дека нејзинта појава во Медитеранот може да привлече и бројни други тропски риби кои може да ја загрозат морската популација во ова подрачје. Се смета дека рибата ќе има негативно влијание на екосоставот и локалната економија.

И покрај впечатливите бои и бавните движења, дури ни морските кучиња не им приоѓаат на овие риби, што им дава слобода да се хранат и да ги уништуваат другите видови на риби кои ги одржуваат алгите под контрола.