Wednesday, Apr 24, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈПрекрасен старт на ЛОИ: Ристе Пандев победи на 100 метри

Прекрасен старт на ЛОИ: Ристе Пандев победи на 100 метри

Прекрасен старт на нашите атлетичари на ОИ во Рио. Најдобриот македонски атлетичар, Ристе Пандев, имаше одличен настап на првата трка, освојувајќи го првото место во својата трка од првиот круг од квалификациите.

Пандев ја истрча делницата од 100 метри за време од 10.72 секунди, со што беше најдобар во својата трка, оставајќи го зад себе Судирман Хади од Индонезија, Мохамед Абукхуса од Палестина и уште петмина ривали.

Со оваа победа тој обезбеди учество во квалификациските трки.