HomeДЕНЕШНАЕкономијаПрекинати летовите до Скопје – По швајцарската и чешката, заминува и италијанската авиокомпанија

Прекинати летовите до Скопје – По швајцарската и чешката, заминува и италијанската авиокомпанија

alitalia

Италијанскиот национален превозник „Алиталија“ ги прекинува директните летови од Рим за Скопје поради помалата продажба на карти од очекуваната, објави италијанската агенција Нова. Ова ќе биде трет редовен превозник што ги прекинува летовите за Скопје со зимскиот ред на летање откако пред две недели и швајцарската „Свис“ и чешката „Чех ерлајнс“ ги прекинаа линиите од Женева и од Прага.

Комапнијата „Алиталија“ пред двеипол години ја воведе редовната линија помеѓу главните градови. Со откажувањето на оваа линија, Скопје останува поврзано со Италија преку нискобуџетната унгарска компанија „Визер“ со летови до два градови – близу Милано и Венеција.

Инаку, од 2012 година македонската влада дава субвенции за летовите на унгарскиот нискобуџетен превозник Визер. Претставник на австриската авиокомпанија “Остриан ерлајнс“ ја обвини македонската влада дека поттикнува нелојална конкуренција во авиосообраќајот. Европската комисија потврди дека на почетокот на оваа година почнала истрага во врска со политиката на субвенционирање.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com