Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометПреголема радост кај фановите, европските шампиони пречекани на аеродром

Преголема радост кај фановите, европските шампиони пречекани на аеродром

Фановите ги пречекаа ракометарите на Вардар кои се нови европски шампиони. Во огромен број верните навивачи на Вардар како и сите спортски фанови со нетрпение сакаа да ги поздрават новите спортски херои.

precek vardar

Ракометарите на Вардар, управата и стручниот штаб со панорамски автобуси се упатија кон плоштадот „Македонија“ каде сите граѓани ќе им укажат почит на момците кои за прв пат во историјата донесоа ракометно злато од европската Лига на шампиони.