Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрегазено дете кај „Сити Мол“

Прегазено дете кај „Сити Мол“

Две лица се повредени во сообраќајката што се случи на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“ кај трговскиот центар „Сити мол“. Во сообраќајката учествувале мотоцикл и пешак. Според очевидци, се работи за дете, пишува Република.

И двајцата со возила на Брза помош се пренесени на скопските клиники. Се уште нема детали за степенот на повреди. Полицијата се уште врши увид на местото на настанот.

ФОТО: Република