Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрегазени двајца пешаци на различни локации во Скопје

Прегазени двајца пешаци на различни локации во Скопје

Две собраќајки во еден ден на две различни локации, едната кај „Зелен пазар“ а другата на „Партизанска“, повредени двајца пешаци.

Од МВР соопштуваат дека двајца пешаци се поврдени во сообраќајни несреќи што вчера се случиле во главниот град.
На булеварот „Партизански одреди“ е повреден 47-годишен пешак во кој удрил мотоцикл„кавасаки“ а истиот го управувал 19-годишно момче. МВР извести дека пешакот се здобил со тешки повреди, а мотоциклистот поминал со полесни повреди.

Другата сообраќајка се случила на булеварот „Кочо Рацин“ во близинана „Зелен пазар“. Седумдесет и четири годишна жена е жртвата која е удрена со автомобил „мерцедес“. Моторното возило било со албанска ознака, а го управувал 27-годишниот И.Ц. Повредената жена веднаш била пренесена во Ургентиот центар.