Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрегазена мечка на автопатот Скопје – Тетово, мрежата ја нема

Прегазена мечка на автопатот Скопје – Тетово, мрежата ја нема

На автопатот Скопје – Тетово кај надвозникот во село Групчин, во сообраќајка прегазена е мечка. Животното слободно преминало на автопатот и неконтролирано движејќи се најпрвин ја удрило товарно возило кое ја соборила на коловозната лента, потоа на неа налетало уште едно возило автомобил. Од двата удари, мечката задобила смртни повреди.

Во сообраќајката две лица кои се возеле со автомобилот поминале само со лесни повреди. Оваа делница е злоогласна по честите сообраќајки предизвикани од животни поради оштетената жичена ограда која на делови и целосно ја нема, па треба многу да се внимава.

Од Агенцијата за државни патишта кои се надлежни за одржување на безбедноста оградата постојано се краде и се уништува претежно од земјоделци кои ја острануваат жицата, со цел да го преминат автопатот пеш.

Извор: telma.com.mk