Прегазен велосипедист во Гостивар, возачот што го удрил избегал
Сообраќајката се случила на патот Гостивар – село Неготино, додека М.Х. (69) од село Добридол, гостиварско, возел велосипед марка „Скот“ покрај патот, а непознато возило, управувано од непознат човек удрил во него и избегал.
Во незгодата М.Х. се здобил со тешки телесни повреди по што во Медицинскиот центар – Гостивар му била укажана лекарска помош, а поради сериозноста на повредите истиот е пренесен во Клиничкиот центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на полициската станица – Гостивар.