Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрегазен уште еден пешак, овој пат во Ѓорче Петров

Прегазен уште еден пешак, овој пат во Ѓорче Петров

Незгодите на скопските улици не стивнуваат – се работи за уште еден прегазен пешак. Настанот се случил утрово, во 6.15 часот на улицата „Ѓорче Петров“ во истоимената населба.

Според информациите на МВР, се работи за машко лице на возраст од околу 60 години. Подетални информации ќе се дознаат по извршениот увид.