Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПредозирани од алкохол на коледарските огнови – тројца Кавадарчани побарале помош

Предозирани од алкохол на коледарските огнови – тројца Кавадарчани побарале помош

Тројца кавадарчани предозирани со алкохол изминатава ноќ побарале медицинска помош, информираше денеска Антоан Паракеов, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

– Како по некое непишано правило, во текот на една календарска година, најмногу лица предозирани со алкохол имаме за време на коледарските огнови. За новогодишната ноќ имавме две алкохолизирани лица, а ноќва што помина – три, соопшти Паракеов.

Тој нагласи дека вообичаено за Нова година интоксикација со алкохол има кај млади лица, додека на Коледе со алкохол се предозираат постари лица. Според докторот, во градот на виното и ракијата бројот на поднапиени граѓани во текот на изминатата ноќ сигурно бил и поголем, но дека тие се отрезниле без да побараат медицинска помош.