Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПредлогот на Град Скопје за претворање на кејот на Вардар во улица ќе стане реалност

Предлогот на Град Скопје за претворање на кејот на Вардар во улица ќе стане реалност

Советниците на Град Скопје ја изгласаа одлуката да се гради пристапна улица со режим на сообраќај на Кејот „13-ти Ноември“.  Улицата ќе биде наменета за потребите на новите гради на плоштадот Македонија, но и за тие околу плоштадот.

Според образложението на градот, улицата ќе се гради веднаш до ѕидот на кејот од страна на компанијата „Дивелоп груп“ и е во согласност со деталниот урбанистички план Мал Ринг, донесен од страна на Советот на општина Центар уште во декември 2012-та година.

Проектот го има изработено “Чакар & Партнерс” верификуван од општина Центар лани, а во мај годинава е верификуван основниот проектот за изградба на улицата и за атмосферска канализација. Пристапната улица ќе се протега од улицата Филип II до зградата на “Телеком” на плоштад.