HomeДЕНЕШНАРегионПредлог-закон во Хрватска според кој сопствениците на кучиња ќе треба да плаќаат данок

Предлог-закон во Хрватска според кој сопствениците на кучиња ќе треба да плаќаат данок

index

Предлог-закон за заштита на животните, со кој ќе се воведи данок од 100 евра годишно за сопствениците на кучиња, се очекува да стапи во сила на 1 јануари, 2017 година. Ова значи дека предлогот би требало да биде изгласан до крајот на оваа година. Како што пишува хрватскиот весник „Слободна Далмација“, Управата за данок се уште нема официјална информација за воведувањето на „данокот за кучиња“, а Министерството за земјоделство и понатаму ги разгледува коментарите од јавната расправа.

Приказната за законот со кој се обврзуваат корисниците на 350 илјади регистрирани кучиња започна пред неколку години, но досега без конкретен ефект, пишува весникот.

Иако со даноци се занимава Министерството за финансии, Министерството за земјоделство смета дека со воведување на данокот ќе се испрати порака до сопствениците на кучињата дека тие треба да обезбедат контрола врз размножувањето на нивните миленици, со оглед на тоа дека од данок се ослободени оние кои ги стерилизирале своите кучиња, или оние кои вдомиле улично куче.

„Го поддржуваме предлогот за воведување на ткн. данок за кучиња, иако тоа не може да се пропише со Законот за заштита на животните бидејќи не е во надлежност на Министерството за земјоделство, туку Министерството за финансии. Сметаме дека со воведувањето на ваков данок би довело до подобра контрола за микрочипирање на кучињата, а со тоа и за вакцинираните кучиња, со цел да се намали бројот на напуштени кучиња и поголема одговорност и грижа за нив“, вели Бранка Буковиќ Шошиќ, раководителка на Одделот за заштита на животните.

Според статистиките, во Хрватска има повеќе од 20 осто чипирани кучиња. Максималната казна изнесува 6000 куни за сите оние кои не ја почитуваат оваа законска одредба.
Предлог-законот за данокот е иницијатива на д-р по ветеринарна медицина Јурица Амброжиќ, претставник на градската управа на Министерството за земјоделство и шумарство. Сличен закон се спроведува во Австрија и Германија, но таму го наплатува Управата за данок.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com