Thursday, Apr 25, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманПредлог за вкусен италијански доручек

Предлог за вкусен италијански доручек

Брускетите се познат италијански специјалитет, а доколку вкусно ги зачините тоа ќе биде љубов на прво вкусување!

брускети

Потребни состојки:
  • ½ француски багет
  • 3 домати
  • чешне лук
  • 10 г кромид
  • 5-6 ливчиња босилек
  • 1 лажичка оригано
  • 2 лажици маслиново масло
  • сол и бибер

брускети

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Тавчето за печење обложете го со алуминиумска фолија. Доматите, лукот, кромидот и едно ливче босилек исечкајте ги на ситно и измешајте ги во еден сад. Потоа додадете сол, бибер и оригано по желба и полијте ги состојките со маслиново масло. Покријте го садот и оставете го 10 минути да отстои.

Во меѓувреме багетот исечете го на тенки парчиња. Ставете малку маслиново масло на двете страни од лепчето и наредете ги во тавата. Печете ги 10 минути, додека не добијат светло кафена боја и додека не станат крцкави.

Потоа, додека се топли, врз нив додадете од смесата од зеленчук и по некое ливче босилок.