HomeДЕНЕШНАСветПредлог во училиштата Трамп да биде нарекуван расист

Предлог во училиштата Трамп да биде нарекуван расист

tramp-f1

Во државните училишта во американскиот град Сан Франциско бил понуден наставен план по кој новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е наречен расист и сексист. Синдикатот, кој ги претставува градските професори, го објавил планот на својот сајт и го испратил по пат на мејл на адреса на повеќе од 6.000 свои членови. На тоа остро реагираше Републиканската партија во Сан Франциско.

„Тоа е непримерна пропаганда, која неправедно ја демонизира не само кампањата на Доналд Трамп, победникот, туку и на сите оние кои го дале својот глас за него“, оцени функционерката на републиканскиот комитет од Калифорнија, Хармит Дилон. Училиштата во околината на Сан Франциско имаат повеќе од 57.000 студенти. Не е познато колку професори го користеле овој план, но се чини дека тој има поддршка и од градските функционери, надлежни за образование.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com