Monday, May 29, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРЛитератураПредлог книга за овој викенд

Предлог книга за овој викенд

JELENA BACIC ALIMPIC - Copy

Доколку во овие летни денови сакате да се релаксирате со добра книга, но истовремено да доживеете силни емоции предизивикани од стилот на авторот, ви ја пепорачуваме семејната приказна ,,Писмото на Госпоѓа Вилма” на авторката Јелена Бачич Алимпиќ. Станува збор за роман кој ќе ве натера да размислувате за семејните односи и сите комплицирани емоции кои истите ги носат.

Авторката на многу умешен начин опишува однос помеѓу татко и син кој симболизира рани, далечина, несреќно детство но и неискажана љубов. Семејните тајни предизивикуваат многу болка, недоречени но помислени зборови како и солзи кои читајќи ќе ги почувствувате на своите образи. Оваа приказна ќе ве научи како ладнокрвноста на еден старец ќе се претвори во најтоплата емоција која може да тече низ нечии вени. Средбата на двајца братучеди кои ќе се запознаат после многу години ќе ви ги стопи срцата.

,,Писмото на Госпоѓа Вилма” е суптилна приказна за минатото кое носи последици и во иднината.  Лошиот брак, забранетата љубов која им пркоси на идеалите и мајчинската љубов се клучните емоции кои го носат заплетот во овој прекрасен роман.

Ќе бидете во неизвесност сè до самиот крај и ќе сочувствувате со секој лик од романот,. Јелена Бачич Алимпиќ  ви остава простор сами да донесете заклучоци за одлуките кои ги носат ликовите во оваа книга. Каков впечаток и да имате сигурно нема да заборавите дека

,, Секое семејство крие свои тајни. Но, некои од нив, подобро е да останат закопани засекогаш’’