HomeАНТИСТРЕСГурманПредлог десерт: Вкусете слатки палачинки од тиква

Предлог десерт: Вкусете слатки палачинки од тиква

palacinki-tikva

Есента е период на тиквите. Сите оние кои ја обожаваат, не треба да го пропуштат овој вкусен десерт.

Потребни состојки:

220 грама брашно, 200 грама пире од тиква, 350 мл млеко, 1 јајце, 3 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 2 лажици лимонов сок и малку рендана кора од лимон, 1 лажичка сода-бикарбона, 2 лажички прашок за пециво, 1 лажичка цимет, прстофат сол, малку рум.

Подготовка:

Пресечете ја тиквата на четвртинки и ставете да се испече на 200 степени околу 40 минути додека да омекне. Печената тиква оставете да се излади, потоа со лажица извадете го „месото“ и гмечете да добиете пире.

Помешајте го брашното со шеќерот, прашокот за пециво, ванилиниот шеќер, сода-бикарбоната, циметот и додадете прстофат сол.

Јајцето посебно изматете го со млекото, лимоновиот сок, ренданата коричка од лимон, пирето од тиква и неколку капки рум. Мешајќи на оваа смеса додадете ги сувите состојки. Смесата оставете ја да отстои половина час.

Палачинките печете ги на загреано масло додека поруменат, од секоја страна по околу минута. Послужете ги со прелив од мед или чоколада.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com