Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПределот Порто Карас зафатен од пожар, заглавени се и македонски туристи

Пределот Порто Карас зафатен од пожар, заглавени се и македонски туристи

Шумата во близина на пределот Порто Карас на вториот крак од Грција е зафатена од пожар. Дел од туристите, меѓу кои и македонски државјани се заглавени од огнената стихија која се проширила во близина на патот, поради што не можат да се засолнат подалеку од пламените јазици.

Пожарот зафатил претежно ниска шума и грмушки, но значителниот ветер во голема мера им ги отежнува условите на противпожарните екипи кои се излезени на терен со неколку противпожарни возила, а тука се вметнати и авионски летала за гаснење на пожарот.