HomeРЕФЛЕКТОРМузикаПред празниците почина Леонард Коен, пејачот кој зрачеше со топлина

Пред празниците почина Леонард Коен, пејачот кој зрачеше со топлина

leonard-cohen

Леонард Коен, еден од легендарните пејачи кој ќе остане запаметен по изведбата на „Алелуја“ почина на 82 годишна смрт, а веста за неговото починување ја објави синот Адам.

„Татко ми почина во мир во неговиот дом во Лос Анџелес. Тој пишуваше до последниот момент со неговата уникатна смисла за хумор, соопшти Адам Коен.“

Коен беше многу популарен во осумедесттите од минатиот век, но одржуваше концерти речиси до пред неколку месеци.
Неговата „Алелуја“ доживеа трансформација од култен до хит со современи стандарди и е речиси неизбежна со прилагодување на видео клипови, ТВ емисии, јутјуб видеа, хорски концерти.

„Со големо жалење денес ја примив веста за смртта на Леонард Коен“, изјави и канадскиот премиер Џастин Трудо, оддавајќи му почит на својот сонародник.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com