Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПред денот на трудот работник загина во Скопје

Пред денот на трудот работник загина во Скопје

Шеесетгодишен Кумановец починал како последица на пад од скеле во село Чојлија-скопско, соопшти денеска полицијата.

Загинатиот идентификуван со иницијалите Л.Д. (60) од Куманово, паднал од скелето каде што работел во скопското село Чојлија по што бил пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ во Скопје.

Таму лекарите констатирале тешки телесни повреди и тоа фрактура на череп, отворени фрактури на двете нозе, скршени ребра и пршлени. Во 19,30 часот во петокот, како последица од здобиените повреди, Л.Д. починал.

По наредба на јавен обвинител телото е дадено на обдукција, соопшти полицијата.