HomeГИГА БАЈТХај текПред 50 години истите летови траеле многу пократко?!

Пред 50 години истите летови траеле многу пократко?!

4541831_avion-f1jpg

Цените на горивата непрекинато растат, па авио-компаниите на различни начини се трудат да ги намалат трошоците и за што е можно помалку пари да обезбедат превоз на патници. Еден од начините да се заштеди е и поспорото летање! Летот на релација Њујорк- Хјустон денес трае три часа и 50 минути, додека далечната 1973 година за да се стигне до истата релација биле потребни два часа и 37 минути. Иако многу би помислиле дека во 21 век, време на модерна технолигија, е се побрзо отколку пред 50 години, сепак тоа не е случај кога авионите се во прашање.

Авио-компаниите заштедуваат милиони долари годишно преку спорите летови. На тоа се приморани бидејќи цената на нафтата од 2002 година до 2012 година се зголемила за четири пати. На пример, американскиот нискобуџетен авио-превозник „Jet Blue Airways“ успеал да заштеди безмалку 14 милиони долари за една година на тој начин што сите биле поспори за по само две минути.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com