Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПразнично лудило во Охрид, градот врие од туристи

Празнично лудило во Охрид, градот врие од туристи

Продолжениот празничен викенд ги испразни улиците на сите градови во Македонија, посебно во главниот град, и ги преполни во охридскиот регион.

Одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња ги заинтигрира младите овој викенд да го поминат незаборавно во Охрид, но не се исклучуваат и посетите на повозрасните категории, родители и деца.

Туристичките работници во Охрид се задоволни од големата раздвиженост овие денови во градот, преполната чаршија и шеталиштето за кое, како што велат тие, вообичаеното туристичко лето во градот вистински започнува некаде во втората половина од месец јули.