Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПравниците и граѓаните против Уставниот суд

Правниците и граѓаните против Уставниот суд

Уставниот суд ако во минатото се жалеше дека се вршат притисоци врз судиите, овој пат навистина има повод и причина да се жали иако невообичаено за нив се премногу тивки овој пат. akademik-vlado-kambovskiГолем број на правници, меѓу кои и Владо Камбовски, можеби еден од најголемите експерти за Уставно право, како и претседател на Македонската академија за науки и уметности посочи дека – „Одлуката на Уставниот суд да поведе постапка против забраната да се помилуваат сторители на изборен криминал е краен срам за правната професија во Македонија. Уставниот суд изврши државен удар. Ова е крај на државата“ што е прилично остро и недвосмислено укажано.ustaven sud protestГолем број на невладини организации и граѓани по втор пат протестираа пред зградата на Уставниот суд, незадоволни што го толкуваше законот за помилување со кој сега на претседателот на државата му дава слобода да помилуца лица осудени за изборни измами, но и за педофилија и производство на дрога. Опозицијата исто така врши свој притисок врз уставните судии за кои сметаат дека се ставија над самиот Устав кој треба да го бранат, а во корист на една политика.