Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПравни совети за граѓаните од настраданите подрачја

Правни совети за граѓаните од настраданите подрачја

Општина Гази Баба информира дека во понеделник, среда и петок (29.8, 31.8, 02.9) од 10 до 13 часот во Месната заедница Стајковци и од 13 до 14 часот во Месната заедница Ченто ќе се одржат средби со граѓани од страна на овластеното здружение за обезбедување на претходна правна помош, Македонско здружение на млади правници – МЗМП Скопје, чија правна помош треба да им олесни на граѓаните во закрепнувањето од последиците од природната непогода.

Помошта вклучува информации и совети за постапката за надомест на штета предвидена со Законот за заштита и спасување на лицата од засегнатите места кои што претрпеле штета од поплавите.

Сите заинтересирани лица од настраданите подрачја во Гази Баба можат да се обратат во наведените термини во просториите на МЗ Ченто и МЗ Стајковци.