Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеПравиме дефиле на велосипеди, а секој ден гинат велосипедисти

Правиме дефиле на велосипеди, а секој ден гинат велосипедисти

Скопје со големо дефиле на велосипедисти го одбележа Денот без автомобили кој се спроведува со цел промоција на алтернативниот начин на превоз, намалување на загадувањето и кревање на свеста за безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Дефилето е дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност и велосипедистите кои се движеа низ централното градско подрачје се упатија во Градскиот парк, пред позната Школка каде ќе се одржи голема музичка забава.

velosipedi 2

„Денеска упатуваме јасна порака за почиста и поздрава животна средина и го промовираме велосипедот како алтернативно транспортно средство. Градот Скопје се заложи до 2017 година да изгради нови и да реконструира постојни велосипедски патеки во должина од 51 километар, со што значително ќе ја подобриме велосипедската инфраструктура во Скопје. До крајот на оваа година очекувам да бидат завршени градежните активности на велосипедските патеки од првата најавена рута. Сакам на сите да ви се заблагодарам за вашето учество во ова големо велосипедско дефиле. Сите што повеќе да користиме велосипед за подобри услови за живот“ – порача денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, кој го предводеше велосипедското дефиле.

velosipedi 3

За жал дефилето се одржува по само неколку дена откако се случија голем број на сообраќајни несреќи во кои животот го загубија велосипедисти и пешаци и сообраќајната култура е на очајно ниво. Невладините здруженија најавија поведување на иницијатива за промени и заштита на велосипедистите и пешаците.