HomeДЕНЕШНАРегионПраведно и солидарно да се распореди товарот со бегалците, порача Ципрас

Праведно и солидарно да се распореди товарот со бегалците, порача Ципрас

Грчкиот премиер Алексис Ципрас порача денеска во Виена дека раководењето со бранот бегалци и мигранти не треба да се смета како проблем на земјите од прв прием или државите долж балканската рута, туку треба односот кон ова прашање да биде колективен со покажување солидарност и праведна распределба на товарот.

– Прашањето за бегалците не треба да се гледа како проблем на земјите од првиот прием или државите долж балканската рута, која е затворена со еднострани акции на некои земји, истакна Ципрас на Самитот за бегалската криза, додавајќи дека тој проблем треба да се третира согласно меѓународните закони.

Ципрас ги повика земјите кои имаат забелеши и сметаат дека бегалците треба да се вратат преку море, отворено тоа да им го кажат на европските тела и на Фронтекс.

Тој оцени дека примената на договорот меѓу ЕУ и Турција е од огромно значење, нагласувајќи дека е неопходно Турција да ги зајакне своите акции со цел да го ограничи приливот на бегалците.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com