Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците утре ќе расправаат за разрешување на Зврлевски

Пратениците утре ќе расправаат за разрешување на Зврлевски

Собранието утре најверојатно ќе расправа за владиниот предлог за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Собранискиот спикер, Талат Џафери кој е во официјална посета на Црна Гора соопшти дека сите документи за седницата за разрешување на Зврлевски се уредно доставени.

Пратениците во Собранието требаше уште вчера да расправаат за разрешувањето на Зврлевски, за кое даде согласност и Советот на јавни обвинители, но поради службениот пат на Џафери, беше презакажана за среда.

Владата побара разрешување на Зврлевски поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно извршување на функцијата.