Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците освежени назад во Собрание, ги чекаат и опозиционерите

Пратениците освежени назад во Собрание, ги чекаат и опозиционерите

Народните избраници по 20 дневна пауза се враќаат во Собранието, но се уште ќе им недостасуваат политичките противници од опозицијата. Пратениците на СДСМ имаа долг годишен одмор и нивното враќање ќе биде школско, од 1 септември, освен доколку повторно не дојде до нови компликации во политичките преговори за поместување на состојбата во Македонија. Уште на првиот работен ден пратениците ќе расправаат за 67 законски решенија од кои голем дел се во итна постапка, а други се во фаза на второ читање.