Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците назад во Собрание, демонстрантите на улиците

Пратениците назад во Собрание, демонстрантите на улиците

За денеска во 11 часот е закажано продолжението на конститутивната седница на Собранието. Во четвртокот СДСМ побара поддршка од десет пратеници за да се премине на точката избор на претседател на Собранието, што не беше прифатено од претседавачот со конститутивната седница Трајко Вељаноски и од ВМРО ДПМНЕ.

Од оваа партија велат дека, според деловникот, најпрвин треба да заврши третата точка на дневниот ред, изборот на членовите на Комисијата за избори и за именувања. За таа точка беа пријавени 51 говорник, а расправата оди бавно поради бројните реплики и контрареплики.

Атмосферата се очекува да достигне точка на вриење доколку СДСМ заедно со новото парламентарно мнозинство со надгласување донесе одлука за избор на нов претседател на Собранието. Ваквиот потег ВМР-ДПМНЕ ќе го оцени за насилнички, додека пак од „За заедничка Македонија“ кои ги водат протестите на улиците најавуваат дека ќе имало соодветен одговор.