HomeДЕНЕШНАПолитикаПратеничко шоу со Катица Јанева – Ќе има и втор дел

Пратеничко шоу со Катица Јанева – Ќе има и втор дел

Специјалната јавна обвнителка Катица Јанева најпрво кратко го презентираше извештајот за вторите шест месеци од мандатот на СЈО и што е стаботено за овој период, а потоа следеа пратенички прашања поврзани со истрагите и предметите кои ги води со тоа што пратениците од мнозинството ја нападнаа за пристрасен пристап бидејќи нема отворено ниту еден случај за Заев или членови на опозицијата.

Јанева побара од пратениците да изгласаат повеќе законски измени кои ќе ја подобрат работата на СЈО како што е поголема заштита на сведоци и продолжување на мандатот на СЈО кој истекува за шест месеци. Тоа барање според Димовски нема да се оствари, туку Јанева може да добие само зголемување на тимот и да ги врати обвинителките кои ги избрка за побрзо да ја заврши работата.

Расправата во Комисијата за политички систем помина во тензична атмосфера, а на Јанева и забележуваат што не ги почитувала процедуралните правила за обраќање и контрареплика, па дури еднаш го прекина и

Илија Димовски додека тој и поставуваше серија на прашања. Тој ја прашуваше за ангажираните работници на СЈО и начинот на кој според него претенциозно се поведуваат истражните постапки.
Бидејќи дојде до кавга околу тоа кој има право да поставува прашања и да реплицира расправата беше прекината со мала пауза, а ќе продолжи попладнево кога Катица Јанева ќе ги даде првите одговори.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com