HomeДЕНЕШНАПолитикаПратеничката Грчева незадоволна од СЈО зошто не се бавеле со сериозни предмети

Пратеничката Грчева незадоволна од СЈО зошто не се бавеле со сериозни предмети

Фронтот против Катица Јанева и специјалното јавно обвинителство се проширува и со независните пратенички што можеше да се забележи и од самата комисиска расправа за извештајот на СЈО во Собранието, но и со зачестените јавни напади. Сега, пратеничката Солза Грчева во гостувањето на ТВ Нова посочи дека е незадоволна од СЈО бидејќи не се бавеле со сериозни предмети и се уште нема судски пресуди.

solza-grcheva-2

– Очекувањата беа да почне да се занимава сериозно со сериозни предмети и стратегија во тој опфат на предмети. Се процесираат од помал ранг предмети кои што само се предмет на еден сценски настап. Ние не видовме се уште некое сериозно обвинение од оние сериозни индиции кои што имаше можност да ги чуе јавноста, истакна Грчева

СЈО има мандат од 18 месеци во кои може да подигне обвиненија и потоа да ги води судските постапки.

– Времето изминува за подигнување на обвиненија, знаеме дека по законот за СЈО тој период е само 18 месеци. Како пратеник кога ја гледам работата можам да заклучам дека иако се инсистира на некаква транспарентност на работењето, со вакви сценски настапи што секојдневно ги гледаме од СЈО и мислам дека неговата задача не е да проектира некаков имиџ кон граѓаните туку напротив, правосудниот систем да го доведе на некој колосек, изјави Грчева.

Сите критики можеби се оправдани но, Грчева не кажа ништо за опструкциите со кои се соочува СЈО, како и за огромното изгубено време кое беше суспендирани при непотребните аболиции на претседателот Иванов.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com