Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПратеник од Австралија бара признавање на уставното име на Македонија

Пратеник од Австралија бара признавање на уставното име на Македонија

Тим Ватс, австралискиот федерален пратеник од Викторија, ја повика владата во Канбера да се насочи по примерот на Соединетите американски држави, Велика Британија и Канада во признавањето на уставното име на Македонија.

Според дописот кој тој го пратил до Агенцијата за иселеништво на Македонија, овие три земји веќе одамна направиле разумни чекори во користењето на, како што се вели, „преферираното име на Македонците, во билатералната соработка“.

Очекувањата на Ватс се дека многуте македонски организации во Австралија и активната Парламентарна група за соработка меѓу двете земји конечно ќе ја сменат перцепцијата на Австралија за нашата држава.