HomeДЕНЕШНАПолитикаПратениците ја чекаат Катица Јанева, таа не прифаќа ултиматуми

Пратениците ја чекаат Катица Јанева, таа не прифаќа ултиматуми

Катица Јанева, предводничката на СЈО, нема да се врати во собранието да одговара на прашањата на Комисијата за политички систем, по што претседателот Ѓорчев мораше да ја одложи седницата и со тоа повторно да го спречи јавниот обвинител Марко Зврлевски конечно да дојде на ред за „испрашување“.

Јанева одговори негативно на ултиматумот од ВМРО-ДПМНЕ дека доколку сака некое од барањата да и биде исполнето, да се извини и повторно да се појави на расправата. Таа смета дека одговорила на сите прашања поврзани со поднесениот извештај, а пратениците потоа ги надминале надлежностите.

– СЈО ја исполни својата обврска и го презентираше својот извештај, а прашањата кои останаа неодговорени немаат никаква врска со извештајот. Јанева јасно кажа дека нема да присуствува на комисиската расправа повеќе, а ние не сме тука да ни се поставуваат ултиматуми. Јанева ја исполни својата обврска, единствено ќе се појави само на пленарната седница во Собранието, обајсни Ленче Ристоска на прес конференцијата на која беше презентирана истрагата „Трезор“.

Катица Јанева ја исполни законската обврска за поднесување на извештајот и до Советот на јавни обвинители на средба која се одржа денеска.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com