Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионПратеничка во турскиот парламент стана православна христијанка

Пратеничка во турскиот парламент стана православна христијанка

Пратеничката од најголемата турска опозициона Републиканско-народна партија, Селин Саје Боке објави дека ја примила православната вера. Во интревју за турските медиуми, пратеничката Селин, која потекнува од градот Измир, на прашањето „дали е христијанка“ одговорила дека навистина примила православие.

Селин е родена во областа Хатај којашто се наоѓа на југ од Турција. Тој регион бил населен со православни христијански арапи, кои за време на притисокот и репресиите од страна на турската власт биле принудени да ја кријат својата религиозна принадлежност. Пратеничката од Републиканско-народната партија примила свето Крштение во Искендерун во храмот при Антиохиската Православна Црква.

Макфакс