Wednesday, Apr 24, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмПрашањето кое никој не смее да му го постави на Том Круз

Прашањето кое никој не смее да му го постави на Том Круз

Според повеќе медиуми прес тимот на мега ѕвездата Том Круз е многу строг кон новинарските екипи кои сакаат интервју со него и забрануваат било какво прашање поврзано се неговото религиско убедување во Скиентологијата. Во истиот период додека трае промоцијата на најновиот акционен хит Mission Impossible: Rogue Nation се прикажува и документарот на Алекс Гибни Going Clear во кој се обработува темата за злоупотребите и малтретирањето на членовите на Скиентолошката црква.

Во Going Clear една од главните теми е дека Том Круз и Џон Траволта како мега ѕвезди се скапоцено богатство за Скиентолозите кои ги користат за самопромоција и дека знаат голем дел од нивните приватни тајни, па ги уценуваат. Том Круз беше гостин во голем број на ТВ шоу па дури имаше и натпревар во плејбек со Џими Фалон, но ниту еднаш не проговори за приватниот живот. Том Круз во изминатите десет години се обидува да се одалечи од Скиентологијата и не говори јавно за оваа тема, но не смее да ја напушти организацијата.