Tuesday, Apr 16, 2024
HomeСТУДЕНТУМПрашањата за екстерно за матурантите ќе бидат објавени утре

Прашањата за екстерно за матурантите ќе бидат објавени утре

Државната матура по старо. Државниот испитен центар (ДИЦ) утре ќе ги објави прашањата за екстерно тестирање за учениците од завршните години на средното образование, на веб-страницата www.prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

– Објавениот базен со прашања ќе содржи повеќе од 85.000 прашања. Базата е освежена со 20 проценти нови прашања. Во спедните две недели, поточно до 8 јануари 2016 година, јавноста ќе може да остава коментари за конкретните прашања. Прашањата за кои ќе има валидни и конструктивни коментари ќе бидат соодветно корегирани, соопшти Државниот испитен центар.

ДИЦ ги повикува сите засегнати страни (ученици, професори, родители) да се вклучат во проверка на прашањата за да се прочисти и да се подобри квалитетот на базата на прашања.