Прашања кои не смеете да ги поставите на архитектите!
Тие се должни за дизајн, градба, одржување на градба итн. Тие се професионалци со силни технички познавања и уметничко око! Тие се АРХИТЕКТИ, тие се специјални, тие се единствени. Затоа ќе се пошегуваме малку и на „нивна сметка“. Ова се десетина прашања кои не смеете да им ги поставите на архитектите!
Колку ќе ми го наплатиш „Цртежот“?
Која е разликата помеѓу архитект и градежен работник?
Тоа ли е „цртежот“ што одзема толку време?
Пред да го испринтате, може ли да промениме само мал детаљ?
Компјутерот го прави тоа сам, така?
Вие сте архитект? Имам пукнатина во ѕидот, би сакале да ја видите да ми помогнете?