HomeДЕНЕШНАPrashalnik.mk: Нова Платформа каде може да заработувате!

Prashalnik.mk: Нова Платформа каде може да заработувате!

Агенцијата Маркет Висион од Скопје формираше онлајн панел за истражувања Прашалник, достапен на www.prashalnik.mk, каде сите оние што се заинтересирани ќе можат бесплатно да се регистрираат и да заработат учествувајќи во анкетите кои ќе се спроведуваат преку оваа платформа. Се почесто во светот, онлајн истражувањата поради својата поефикасна и поедноставна форма овозможена од новите технологии, ги заменуваат традиционалните телефонски и теренски анкети со посредство на анкетар.

Популарноста на овие истражувања во најголем дел се должи на можноста граѓаните да одговорат на прашалникот во време кога им одговара и да дадат искрен и добро осмислен одговор во врска со нивните навики или пак производите и услугите што ги користат, свесни дека за вложениот труд и потрошеното време ќе добијат соодветен паричен надомест. Од друга страна, компаниите кои сакаат да добијат сознанија за пазарот, или пак поконкретно за нивните производи и услуги со цел да го подобрат своето работење ќе можат да ги добијат информациите побрзо и за пониска цена од традиционалните истражувања.

За повеќе информации и регистрација посетете го сајтот www.prashalnik.mk.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com