HomeДЕНЕШНАСветПрашање на време е кога ИСИС ќе претрпе катастрофален пораз

Прашање на време е кога ИСИС ќе претрпе катастрофален пораз

ИСИС како терористичка организација која ги изврши најгрозоморните злосторства во поновата историја се соочува со тежок пораз во Мосул кој е само прашање на време бидејќи ирачката армија поддржана од западната коалиција предводена од САД и покрај силниот отпор одлично напредува во Мосул, кое е главно упориште на џихадистите.

Генералот на специјалните ирачки сили Сами ал-Ариди денеска рече дека милитантите на ИД во источен Мосул се борат со снајпери и ракетни гранати. Западно од Мосул шиитските милитанти вчера ја преземаа целосната контрола врз воениот аеродром Тал Афар. Џаафар ал-Хусеини, портпарол на една од милитантните групи- Бригадите на Хезболах, рече дека во судирите речиси целосно е уништен аеродромот.

Милитантите од Исламска држава го заземаа Мосул, вториот по големина град во Ирак, летото во 2014 година. Офанзивата за преземање на градот која почна на 17 октомври е најголема воена операција во Ирак по повлекувањето на американските војници во 2011 година. Според Обединетите нации повеќе од 56 000 цивили се принудени да ги напуштат своите домови од почетокот на операцијата.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com